Косово

НАТО испраќа дополнителни војници во Косово

02.10.2023 09:16

НАТО испраќа уште 200 војници во Косово, како дел од мировната мисија на КФОР...

НАТО испраќа уште 200 војници во Косово, како дел од мировната мисија на КФОР. Дополнителниот број е одобрен на барање на Врховниот командант на сојузничките сили за Европа и ќе се приклучат на британскиот контингент од 400 војници кои дејствуваат во Косово.

Одлуката следи по нападот врз косовската полиција на 24-ти септември во Бањска во кој загина полицаец и неколкумина напаѓачи од српска националност.