Неизвесна воената помош за Киев од САД
Неизвесна воената американска помош за Украина откако Конгресот усвои привремен закон за финансирање во кој не се споменува помош за земјата...

Неизвесна воената американска помош за Украина откако Конгресот усвои привремен закон за финансирање во кој не се споменува помош за земјата. Американскиот претседател Џо Бајден го повика Конгресот да го одржи зборот и вети дека помошта за Киев ќе продолжи.
„Тие рекоа дека ќе ја поддржат земјата на посебно гласање. Под никакви околности не можеме да дозволиме да се прекине американската поддршка за Киев“, изјави Џо Бајден-претседател на САД.
По одлуката на САД, од ЕУ велат дека ќе ја зголемат воената помош за Украина и ги очекуваат следните потези на Вашингтон. Претседателот Зеленски дециден, ништо нема да ја ослабне борбата против Русија.
