Над 100 илјади луѓе го напуштиле Нагорно-Карабах
Бегалците од Нагорно-Карабах продолжуваат да пристигнуваат во Ерменија по кратката офанзивата на Азербејџан...

Бегалците од Нагорно-Карабах продолжуваат да пристигнуваат во Ерменија по кратката офанзивата на Азербејџан. УНХЦР соопшти, дека хуманитарните потреби се зголемуваат со над 100.000 пристигнувања на бегалци за помалку од една недела.
„Луѓето пристигнуваат исцрпени, оставајќи ги сите свои лични работи и домови зад себе. УНХЦР е на терен уште од најраните денови на вонредната состојба. Имаме камиони кои пристигнуваат и ќе продолжиме да им пружаме помош на оние на кои им е најпотребна“, изјави Ангела Мур-Офицер за заштита, УНХЦР
Мисија на Обединетите нации пристигна во Нагорно Карабах. Првпат во изминатите 30 години меѓународна организација доби пристап во регионот. Азербејџан ги отфрли обвинувањата за етничко чистење во енклавата и тврдат дека неговите жители можат слободно да останат или да си одат.
