Мексико
Најмалку десетмина загинати при уривање на покрив на црква во Мексико
02.10.2023 09:18
Десетмина загинати и 50 повредени откако за време на миса се урна покрив во црква во северно Мексико...

Десетмина загинати и 50 повредени откако за време на миса се урна покрив во црква во северно Мексико. Меѓу повредените има и деца од кои најмалото има само четири месеци. Државната полиција соопшти дека околу 100 луѓе биле во црквата за време на уривањето.
„Многу тежок момент во нашата епархија. Покривот на црквата „Светиот крст“ се урна. Со нашите молитви да се обединиме пред оваа трагедија“, изјави Хозе Армандо Алварез Кано-епископ.
Од канцеларијата на државната безбедност велат, дека хаваријата најверојатно е предизвикана од проблем во инфраструктурата.
