МВР

Уапсен криумчар од неготинско, пронајдени 320 литри акцизна стока

02.10.2023 09:53

Вчера во 15.20 часот на наплатната станица Градско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност го привеле К.Ц.(23) од с. Тимјаник, неготинско...

Вчера во 15.20 часот на наплатната станица Градско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност го привеле К.Ц.(23) од с. Тимјаник, неготинско.

При преглед во патничкото возило „мерцедес“, кое го управувал, бил пронајдена и одземена акцизна стока, односно 17 туби со вкупно 320 литри алкохолен пијалак без никакви документи. Лицето било задржано во полициска станица, а за настанот била известена Царинската управа. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.