64 санкционирани возачи на територијата на Неготино и Кавадарци
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 16.00 до 20.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција, Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територија на Неготино и Кавадарци за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 16.00 до 20.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција, Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територија на Неготино и Кавадарци за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 64 возачи, од кои 15 за возење без возачка дозвола, седум возачи за возење под дејство на алкохол, девет возачи управувале возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола од кои пет биле со измината важност повеќе од шест месеци и истите се привремено одземени, седум за непрописно вградени фолии (затемнети стакла). На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, информираат од МВР.
