Турција
Турција ги бомбардира курдските бунтовници во Ирак поради бомбашкиот напад во Анкара
02.10.2023 12:05
Уништени се 20 цели на забранетата Курдска работничка партија, велат во турското Министерство за одбрана...

Турција изврши воздушни напади во северен Ирак. Уништени се 20 цели на забранетата Курдска работничка партија, велат во турското Министерство за одбрана.
Воената интервенција следи по бомбашкиот напад пред турското МВР во Анкара, во кој беа ранети двајца полицајци.
Во експлозијата загина еден напаѓачот, додека друг бил убиен од полицијата.
Министерството соопшти дека еден од напаѓачите е идентификуван како член на ПКК, додека идентитетот на другиот се утврдува.
