САД
Трамп на судење под обвинение дека ја преценил вредноста на својот имот
02.10.2023 12:06
Според обвинението, Трамп лажно ја претставил вредноста на својот имот за да обезбеди подобри услови за заем и осигурување...

Доналд Трамп и неговиот семеен бизнис денеска треба да се соочат во Њујорк за случајот со измама. Според обвинението, Трамп лажно ја претставил вредноста на својот имот за да обезбеди подобри услови за заем и осигурување.
Обвинителството меѓудругото бара парични казни од најмалку 250 милиони долари и трајна забрана против Трамп и неговите синови да водат бизнис во Њујорк.
Поранешниот американски претседател планира да присуствува на првата недела од судењето во Државниот суд на Менхетен и вели оти случајот е дел од политичкиот лов на вештерки.
