БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Убиен полициски инспектор пред ноќен клуб во БиХ

02.10.2023 12:41

Полициската управа на Бјелина соопшти дека во тек е голема акција за пронаоѓање и апсење на напаѓачот...

Убиен е полициски инспектор во Бијелина. Инцидентот се случил пред ноќен клуб во центарот на градот. Полициската управа на Бјелина соопшти дека во тек е голема акција за пронаоѓање и апсење на напаѓачот. Истрагата е во тек.

Според првичните информации, четири лица се уапсени под сомнение дека се поврзани убиството, меѓу нив се споменува и име на синот на пратеник во парламентот на Република Српска.