Министерството за одбрана ја започна постапката за изградба на спомениците на загинатите бранители
Со заклучок на седницата на Владата одржана на 28.09. 2023, Владата ги задолжи Министерството за одбрана и надлежните институции, местата на кои загинале македонските бранители да бидат доделени на Министерството за одбрана...

Министерството за одбрана ја започна постапката за изградба на спомениците на загинатите бранители во месноста Љуботенски бачила, на Карпалак и во Вејце.
Со оглед на обидот на градоначалниците на општините до кои беше поднесена иницијативата да ја политизираат оваа иницијатива, министерката за одбрана Славјанка Петровска, сакајќи да се зачува ликот, делото и жртвата на загинатите бранители, започна со постапка за која не е потребна согласност од општините, а ќе овозможи изградба на овие споменици на споменатите локации, соопштуваат од Министерството за одбрана.
Со заклучок на седницата на Владата одржана на 28.09. 2023, Владата ги задолжи Министерството за одбрана и надлежните институции, местата на кои загинале македонските бранители да бидат доделени на Министерството за одбрана. Постапката е веќе започната и е во тек.
