МОН

Шаќири на првиот академски час на Медицинскиот факултет во Скопје

02.10.2023 13:40

Посакувајќи им успех на сите студенти, како и успешна работа на професорите и сиот кадар кој ќе биде вклучен во градењето на новите генерации на академски образовани граѓани...

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, министерот за здравство Фатмир Меџити и ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова утрово присуствуваа на првиот академски час на Медицинскиот факултет во Скопје, со кој се означи почетокот на новата академска 2023-2024 година.

Посакувајќи им успех на сите студенти, како и успешна работа на професорите и сиот кадар кој ќе биде вклучен во градењето на новите генерации на академски образовани граѓани, Шаќири рече дека здравството е еден од најважните општествени сегменти и дека на државата и граѓаните им се потребни квалитетно едуцирани здравствени работници. Така што студентите од Медицинскиот факултет, како што нагласи, направиле вистински избор, базиран првенствено на човечност, хуманост и подготвеност за соочување со фактори кои го предизвикуваат човечкиот живот и здравје.

Уверувам, потенцираше министерот, дека како Влада и Министерство ќе продолжиме да се грижиме за младите со особено внимание и да го унапредуваме студентскиот стандард. Преостанува да се фокусирате на суштината на образованието – да стекнувате знаења и вештини со кои ќе може да одговорите целосно на обврските кои во иднина ве чекаат.

Министерот Шаќири му честиташе на изборот за нов декан на Медицинскиот факултет, на проф. д-р Светозар Антовиќ во кого колегите, како што истакна тој, имале најмногу доверба да ја води оваа високообразовна установа во следните три години.