Образование

На универзитетите симболично одбележување на почетокот на новата академска година

02.10.2023 14:35

Со свечен прием на студентите почна новата академска година универзитетите во земјава. Годинава голем интерес за студирање на медицинските науки, во прва година запишани 710 студенти, најголем дел за тригодишните стручни студии...

Бруцошите ги добија индексите, подготвени да запловат во академските води. Годинава голем интерес за студирање на медицинските науки, во прва година запишани 710 студенти, најголем дел за тригодишните стручни студии. Идните доктори, медицински сестри, лекари по општа медицина очекуваат да добијат квалитетно знаење и помош од професорите во текот на студиите. Дали ќе останат и да работат во земјава, велат ќе зависи од тоа што ќе им го понуди државата.

Први коишто им посакаа успех на студентите беа нивните професори. Никогаш да не се штедите во стекнувањето нови знаења и вештини, патот нема да биде лесен и ќе бара лична жртва, порака од ректорката Ангелова и деканот на Медицинскиот факултет Антовиќ.

Младите и образовани луѓе и се потребни на државата, вложуваме во македонското образование согласно европските практики, рече премиерот Ковачевски, кој ги охрабри студентите да останат во земјава. Здравството и образованието вели се врвен приоритет и најави дека годинава ќе почне реконструкцијата на сите студентски домови, а за дефицитарните струки ќе има стипендии во вредност од 18.000 денари.

Со низа свечености првиот академски час се одбележа на петте државни универзитети во земјава. УКИМ годинава прими околу 10.000 бруцоши.

 

 

 

Викторија Милевска