Нема причина за страв од катастрофални поплави!
Можно ли е да го доживееме она што им се случи и на нашите соседи е едно од прашањата кои најмногу не загрижуваат...

По прогласувањето на вонредната состојба во соседните земји и поплавите кои однесоа повеќе човечки жртви- страв и паника и кај нас. Вчерашните обилни врнежи и земјотресот за кој сведочат повеќе граѓани се тема на разговор и денеска.
„Секако дека сме исплашени, веќе кај нас се случува тоа... Не треба да се случат такви поплави за да се регулира водотекот, се знаат кризните места кај се прави поплавата“, велат дел од граѓаните.
„Нема потреба да се плашиме, јас сум повисоко, кај нас нема поплави“, вели друг граѓанин.
Има ли место за паника? Можно ли е да го доживееме она што им се случи и на нашите соседи е едно од прашањата кои најмногу не загрижуваат.
„Земјотреси не треба да се очекуваат како резултат на поплавите во регионот, ниту пак како резултат на вчерашното нагло невреме кај нас, но и да има поплави, нема да има земјотреси поврзани како резултат на поплавата“, велат експертите.
Дождливото време ќе трае до недела но нема причина да стравуваме од катастрофални поплави. Можни се излевања, но не од глобален карактер како во соседните земји.
