Вонреден инспекциски надзор во битолската болница
Ова е втор инспекциски надзор, повеќе детали ќе споделиме откако ќе заврши – вели директорката Ивановска.

По случајот со 24-годишниот битолчанец, кој минатата недела почина во клиничката болница во Битола, Државниот и здравствен санитарен инспекторат денес во вонреден инспекциски надзор.
Ова е втор инспекциски надзор, повеќе детали ќе споделиме откако ќе заврши – вели директорката Ивановска.
Од Министерството за здравство, велат-поради нагло влошување на состојбата на пациентот, потребно е формирање на стручна комисија која на терен ќе го испитува лекувањето на 24-годишниот битолчанец. Комисијата ќе се формира во најкус рок, за да утврди какви биле недостатоците при третманот на пациентот.
Според извршената обдукција, битолчанецот починал од дисиминирана интраваскуларна коагулација, односно неконтролирано крвавење на повеќе внатрешни органи, предизвикана од тежок инфект.
Ова е уште еден во низата смртни случаи во оваа болница. На почетокот на годината 5-годишната Јана почина на детското одделение, неколку часа откако беше хоспитализирана. За овој случај од Обвинителството не беше констатирана лекарска грешка. Другиот случај е новороденчето на родилката Викторија Крстевска, кое почина два часа по породувањето. За него сè уште нема конечни резултати од ОЈО.
Александра Максимовска
