Македонија
Средба Заев-Ципрас во Струмица
02.10.2023 17:57
Иако го привлекоа вниманието, нема конкретни информации за нивната средба.

Поранешните премиери на Македонија и Грција денеска седнаа на иста маса. Заев и Ципрас попладнево во Струмица беа видени во еден од рестораните.
Иако го привлекоа вниманието, нема конкретни информации за нивната средба.
Поранешниот премиер ги извести новинарите дека се работи за приватна средба без да открие детали за што ќе се разговара, но потенцира дека се потребни регионални заеднички иницијативи и дека на ова поле ќе разговара како претставник на Фондацијата Заев-Едно општество за сите.
Двајцата премиери беа дел од потпишувањето на Преспанскиот договор.
