Испратена нова пратка помош за Србија и Босна и Херцеговина
Нова пратка хуманитарна помош од црвениот крст на Македонија испратено за загрозените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина. Во амбасадата на Босна и Херцеговина овдека во Скопје денеска отворена книга на жалост...

Пет пратки хуманитарна помош за Србија и четири за Босна и Херцеговина се испратeни од Црвениот Крст. Со овие досега сеиспорачани околу 700 тини тони.
„Продолжуваме и понатака. Нашите залихи кои согласно денешниот ден ги посетуваме се накаде околу 5 пратки, кои исто така во дговор со нашите колеги во Србија и Босна и Херцеговина ќе бидат испорачани во текот на неделава“, изјави Саит Саити, генерален секретар на Црвениот Крст на Република Македонија.
Во Босанската амбасада во Скопје денеска е отворена книга на жалост.
„Им благодарам, пред се, на властите во Македонија и на претставниците на дипломатскиот кор што во голем број се запишаа во книгата на жалост. Им благодарам и за другите начини, за јававувањата, за средбите. многу ни значи сочувствувањето на македонскиот народ за да ја надминеме оваа тешка состојба во која се најде мојата земја. Ние на Балканот го имаме тоа чувство да бидеме едни покрај други во најтешките мигови“, рече Здравко Беговиќ, амбасадор на Босна и Херцеговина во Македонија.
Oсвен донации во храна, вода, облека, македонските граѓани досега издвоиле повеќе од 100.000 евра на телефонскиот број за помош на настраданите во поплавите.На двете најпогодени држави, Владата им испрати по 100 илјади евра.
Ана Јосифоска- Тодоровска
