Здравство

Случај „Онкологија“: Продолжуваат протестите, но и голготата на пациентите

02.10.2023 18:02

Пациенти кои со години се лекуваат велат дека на Онкологија нема терапија. Министерот Меџити е запознаен со состојбата на клиниката. Директорката го информирала дека нема лек за новодијагностицираните...

Пациенти кои со години се лекуваат велат дека на Онкологија нема терапија. По неколку часа чекаат да стигнат на ред, а таму одговор дека лекот се потрошил. Пред камерата на МТВ посочуваат дека со непримање терапија - болеста прогресира. Министерот Меџити е запознаен со состојбата на клиниката. Директорката го информирала дека нема лек за новодијагностицираните.

Известува Марија Котовска