МВР
Претрес во Волково, запленета дрога, приведен дилер
02.10.2023 20:18
При претресот пронајдени се марихуана, дигитална вага и еден куршум...

Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом кај И.К. (31) во Волково, скопско.
При претресот пронајдени се марихуана, дигитална вага и еден куршум. Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него, по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка, соопштуваат од МВР.
