Во продажба билетите за гостувањето на македонските фудбалери против Украина во Прага

02.10.2023 18:53

Билетите, како што соопшти попладнево Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), се по цена од 300 чешки круни, или приближно 755 денари, а ќе можат да се купат електронски.

Навивачите на македонската фудбалска репрезентација од денеска можат да купат билет за гостинскиот натпревар кој избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе го одиграат овој месец против Украина во Прага во рамки на квалификациите за ЕУРО2024.

Билетите, како што соопшти попладнево Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), се по цена од 300 чешки круни, или приближно 755 денари, а ќе можат да се купат електронски.

Македонските фудбалери ѝ гостуваат на Украина на 14 октомври, од 15 часот, во Прага на Арената „Летна“ со капацитет од 18.000 седишта.