Собранието усвои повеќе предлог одлуки

26.05.2014 14:14

На денешната седница Собранието констатираше дека на Руфи Османи од НДП му прекинува мандатот...

Собранието на Република Македонија на денешната трета седница ја усвои Предлог-одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Парламентот.
 
Пратениците ги усвоија и предлог-одлуките за основање постојани работни тела на Собранието, за основање делегации, пратенички групи и други облици на остварување на меѓународната соработка на Собранието на Република Македонија и за објавување оглас за избор на членови на Комисијата за верификација на фактите.
 
Со Предлог-одлуката поднесена од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски се предлага Собранието да има тројца потпретседатели.
 
Бројот на потпретседатели го утврдува Собранието на Република Македонија по предлог на претседателот на Собранието, а кои се избИраат од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието.
 
Во новиот пратенички состав коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник, ДУИ 19, ДПА 7, ГРОМ 1 и НДП 1.  СДСМ освои 34 пратенички места, но одлучи да не учествува во работата на Собранието.
 
На денешната седница Собранието констатираше дека на Руфи Османи од НДП му прекинува мандатот.