АХВ

Редовна вакцинација на милениците за болеста беснило

03.10.2023 08:38

Болеста беснило која може да се пренесе од животни на луѓето, во нашава земја последен пат е забележана во 2012 година. Агенцијата за ветеринарство повеќе од 10 години постојано врши вакцинација на дивите животни, односно лисиците, но препорачува и домашните миленичиња, особено овчарските и ловечките кучиња секоја година редовно да се вакцинираат...

Беснилото е опасна болест и за животните и за луѓето, но кај нас според надлежните институции ја нема повеќе од десет години.

Последниот случај на заразено лице во земјава е регистриран во 1976, а на заболено домашно милениче, мачка во радовишко, и кај дивите животни, волк во околината на Кочани во 2012 година.

Од тогаш нема ниту еден нов евидентиран случај, но експертите велат би можел да се појави ако не се спроведува пасивен надзор. Редовно вакцинирање на милениците, кое треба да се врши секоја година за да сè се обезбеди нивна заштита од болеста, заштита за семејството, и доколку редовно не се реализира кампањата за пролетно и есенско вакцинирање на лисиците.

Во земјава се чипирани повеќе од 100.000 домашни миленици од кои најголем дел се кучиња, а преку 60 проценти од чипираните миленици редовно се вакцинирани секоја година.

Проблем, велат од Aгенцијата за ветеринарство, се овчарските и ловечките кучиња во руралните средини кои најчесто не се вакцинирани поради недоволна информираност или едукација на сопствениците.

 

Методија Трајков