Македонија
28 години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров
03.10.2023 09:11
Претседателот го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата...

Денеска се навршуваат 28 години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров. Претседателот го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер и случаен минувач покрај местото на настанот.
По речиси три децении предметот не е затворен, а истрагата сè уште трае. Засега останува тајна кој и зошто го нарача и го изврши атентатот врз првиот претседател на независна Република Македонија.
