Гром предизвика експлозија на фабрика во Оксфорд
03.10.2023 10:01
Огромна огнена топка го осветли ноќното небо во Оксфорд откако гром удри во фабрика за рециклирање на отпад...

Огромна огнена топка го осветли ноќното небо во Оксфорд откако гром удри во фабрика за рециклирање на отпад. На локалните жители им беше кажано да останат внатре и да ги затворат прозорците. По експлозијата голем број домаќинства останале без струја.
Британската метеоролошка агенција претходно издаде предупредување за временски услови за грмотевици и силен дожд во областа. Нема извештаи за повредени.
