Индија

Индија: До 10-ти октомври Канада да повлече 41 дипломат

03.10.2023 11:01

Растат тензиите на релација Индија-Канада. Властите во Њу Делхи дадоа рок до 10 октомври, Канада да повлече 41 дипломат од Индија...

Растат тензиите на релација Индија-Канада. Властите во Њу Делхи дадоа рок до 10 октомври, Канада да повлече 41 дипломат од Индија.

Односите се сериозно нарушени откако канадските власти соопштија дека имаат веродостојни информации за вмешаност на Њу Делхи во убиството на водачот на Сиките во канадската провинција британска Колумбија.

Потоа протера висок индиски разузнавач од Канада, а како одговор на тоа, Индија протера канадски дипломат и ги суспендираше визите за Канаѓаните.