Култура

Со премиера на претставата „Фирма“ почнува фестивалот „Рута“

03.10.2023 11:39

На фестивалот ќе бидат изведени претставите: „Декамерон“ на Градско позориште Подгорица, „Нора“ на Местно гледалишче од Љубљана, „Син“ на Камерни театар 55 од Сараево и „Самрак на боговите“ на Београдско драмско позориште. Фестивалот ќе заврши со претставата „Отело“ на театарот Улисис од Хрватска.

Вечерва, со премиера на претставата „Фирма“ почнува регионалниот театарски фестивал „Рута“, што ќе трае до 8-ми октомври. Ќе бидат изведени претставите: „Декамерон“ на Градско позориште Подгорица, „Нора“ на Местно гледалишче од Љубљана, „Син“ на Камерни театар 55 од Сараево и „Самрак на боговите“ на Београдско драмско позориште. Фестивалот ќе заврши со претставата „Отело“ на театарот Улисис од Хрватска.

-Драмски театар ја отвора театарската сезона со шеснаесеттата по ред „Рута“, на која македонската публика ја има ексклузивната можност да проследи претстави направени во копродукција на повеќе театри и режисери од целиот регион, велат од Драмскиот театар.

„Фирма“ е во режија на Нела Витошевиќ, по текст на авторот Роналд Шимелфенинг, а играат: Ирена Ристиќ, Ивана Павлаковиќ, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов и Стефан Вујисиќ. Сценографијата е на Константин Трпеноски, костимографијата на Розе Трајчевска-Ристоска, а изборот на музиката на Нела Витошевиќ. Претставата ќе биде на редовен репертоар на 13-ти и на 14-ти октомври.