Работнички загуби од Рапид Букурешт
Во воведниот натпревар од групата „А“, пред својата публика во СРЦ „Кале“ во Скопје, македонскиот кошаркарски клуб Работнички на стартот од квалификациите од загуби од романскиот Рапид Букурешт.

Во воведниот натпревар од групата „А“, пред својата публика во СРЦ „Кале“ во Скопје, македонскиот кошаркарски клуб Работнички на стартот од квалификациите од загуби од романскиот Рапид Букурешт со 57:87. По релативно израмнетото прво полувреме, нашиот претставник попушти во вториот дел, што гостите од Букурешт знаеја да го искористат и да стартуваат успешно во квалификациите.
Работнички само еднаш во текот на мечот беше во предност од 10:9 во текот на првата четвртина. Сепак, играчите на Рапид изгледаа доста посигурно на паркетот, а почетна нервоза имаше кај редовите на Работнички, барем во оние воведни шест минути во кои Романците водеа со 21:15.
