Тенис

Лина Ѓорческа се врати меѓу најдобрите 200 тенисерки на ранг-листата

03.10.2023 12:11

Лина Ѓорческа се врати меѓу најдобрите 200 тенисерки на ранг-листата на Женската тениска асоцијација (ВТА), откако од вчера е на 186-та позиција...

Лина Ѓорческа се врати меѓу најдобрите 200 тенисерки на ранг-листата на Женската тениска асоцијација (ВТА), откако од вчера е на 186-та позиција. Нејзиниот најдобар пласман во кариерата е на 170-то место, остварен во јуни 2017 година.

Најдобрата македонска тенисерка забележа напредок на листата за 30 места во однос на претходното рангирање на ВТА, откако во неделата го освои трофејот на турнирот во Куршумлиска Бања (Србија), кој се играше на земјена подлога и за вкупен награден фонд од 40.000 долари.

Тоа за неа беше 13-та титула во поединечна конкуренција, а вкупно 60-та во кариерата, според податоците на Интернационалната тениска федерација (ИТФ).