Кик-бокс

Данило Методиевски второ место во кик-бокс во Италија

03.10.2023 12:17

Македонија има вицешампион во кик-бокс на светски куп, Данило Методиевски освои второ место на натпреварувањето одржано во Италија...

Македонија има вицешампион во кик-бокс на светски куп, Данило Методиевски освои второ место на натпреварувањето одржано во Италија.

Членот на Кик-бокс клубот „Предатор“, на Светскиот ВАКО Куп оствари две победи против натпреварувачи од Италија и Хрватска. Најпрвин го совлада Италијанецот Алесандро Бискоци (3:0), а потоа и Хрватот Себастијан Паватиќ (3:0).

Методиевски единствено загуби од актуелен светски првак и европски вицешампион, Тобиас Свачина од Чешка (0:3).

 

 

 

 

 

 

 

 

Фото: / Facebook