Вчерашното невреме не ги оштети земјоделските посеви

26.05.2014 16:46

Обилните врнежите и градот не оставија последици, вели земјоделецот Александар Латиновски од скопското село Радишани...

Нема штети по земјоделските посеви. Обилните врнежите и градот не оставија последици, вели земјоделецот Александар Латиновски од скопското село Радишани. Градот ги оштети малку овоштарниците, а градинарските производи се заштитени под фолија.

„Ако удри со појака сила како вчера во Скопје, има опасност, ќе го скине најлонот и ќе ја уништи фолијата“, вели земјоделецот Александар Латиновски од село Радишани. 

Го посетивме и скопското село Бразда, таму освен вознемирените жители од синоќешниот земјотрес, не забележавме значителни штети.

„Доста се почувствува земјотресот, имаше јак потрес“, вели Радмила Љиљановска од  село Бразда.

Љиљановска сепак вели дека стравува од нови поплави зашто порано се случувало водата да навлезе и во куќите.

Земјотресот што вчера вечер беше почувствуван во скопската котилна беше со јачина од 3,5 степени по Рихтер. Најмногу го почувствуваа жителите во скопското село Бразда.

 

Дијана Ценевска