Скопје

Николовски и Оздемир учествуваа на првиот академски час на Факултетот за земјоделски науки и храна

03.10.2023 12:58

Во рамките на посетата на делегација од германското министерство за храна и земјоделство и амбасадата на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски...

Во рамките на посетата на делегација од германското министерство за храна и земјоделство и амбасадата на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со Сојузниот министер за земјоделство и храна на Германија, Џем Оздемир и германската амбасадорка Н. Е Петра Дрекслер, учествуваа на првиот академски час, за студентите од Факултетот за земјоделски науки и храна, Скопје.

Министрите Николовски и Оздемир, имаа чест да се обратат пред студентите и да ги охрабрат на патот на нивната едукација во областа на земјоделските науки.

Сојузниот министер за земјоделство и храна на Германија, Џем Оздемир, ги поздрави студентите, им посака успешна академска година и ја претстави европската перспектива на агросекторот во земјава, по примерот на европските држави каде земјоделскиот сектор е еден од најзначајните и најпочитуваните.

Делегацијата од Сојузна Република Германија, предводена од министерот Оздемир, заедно со министерот Николовски, оствари средба со повеќе од 30 декани и продекани на македонските факултети и факултетите од соседните земји. На средбата се потенцираа можностите за развој кога научните достигнувања се споделуваат и интегрираат во науката и образованието, стои во соопштението од МЗШВ.