Собрание

Законот за амнестија е доставен до Собранието и ќе се носи по скратена постапка

03.10.2023 13:18

Политичките фактори и натаму поделени. Владејачкото мнозинство најавува амандман доколку постојат индиции за амнестија за функционери...

Предлог-законот за амнестија влезе во Собранието без европското знаменце, но по скратена постапка. Политичките фактори и натаму поделени. Владејачкото мнозинство најавува амандман доколку постојат индиции за амнестија за функционери. Опозицијата ќе го блокира, најави дека ќе го напушти Собранието ако се злоупотреби процедурата. Известува Марина Стојанова-Тонева.