Очниот лекар Дејан Ставриќ осуден на една година затвор

26.05.2014 16:56

о својата одбрана посочи дека сакал да му помогне на Кузмановски да го стави на листата на лекување кај свестки реномираниот офталмолог од Белград, Мирослав Вуксановиќ...

Очниот лекар Дејан Ставриќ го негираше во целост делото што му се става на товар. Тврди дека не земал пари за посредување и противзаконито влијание за добивање инвалидска пензија. Не знаел дека неговиот поранешен пациент поднесол барање, ниту дека ја добил пензијата.

Пред судот рече дека процесот е монтиран и дека жали и за себе и за оштетениот Ладе Кузмановски поради случајот. Во својата одбрана посочи дека сакал да му помогне на Кузмановски да го стави на листата на лекување кај свестки реномираниот офталмолог од  Белград, Мирослав Вуксановиќ. Ниту видел ниту знаел што му ставил в џеб дента кога се сретнале во кафулето кај Железничката станица.

Неговата одбрана посочи дека Кузмановски бил жртва на органите на прогонот и за да ја добие пензијата морал да го провоцира докторот, како казна за лидерството во синдикатот под притисок го пријавил делото на 24-ти април, а на 5-ти му се јавил за да се сретнат на 6-ти мај.

Истиот ден откако ја завршил работата , тврдеше неговата одбрана, во 23 часот по пошта му било испратено решението за пензија како награда.

По кратка постапка судот му изрече казна затвор од една година.

Судот му ја укина мерката притвор на обвинетитот Ставриќ, но му ја задржа патната исправа поради безбедносни причини.

Незадоволни беа членовите на неговото семејство.

Доктор Ставриќ беше притворен на 6-ти мај. При апсењето кај него беа пронајдени обележани пари. Се товари за земање награда за противзаконски влијание.

Оштетениот тврдеше дека му ги дал за да му помогне да добие инвалидска пензија.

 

Фиљана Кока