Велес

Еколошкиот криминал во Македонија е присутен, но недоволно се санкционира

03.10.2023 14:22

Загадувањето од Топилницата велешани го платија со здравјето, иако истото документирано со податоци за надминување на загадувачките материи не беше доволно да добијат правда. Се санкционираат ли еколошките сторители на суд, работилница на која учествуваа и судии и јавни обвинители, финансирана од ЕУ...

Граѓаните имаат уставно право на здрава животна средина, но колку тоа се почитува, а уште повеќе колку се санкционираат сторителите е дилема присутна во јавноста.

На настанот, организиран од „Флозразон“ а финансиран од ЕУ, присуствуваа судии и јавни обвинители, со цел надградба на нивното знаење во делот на еколошката правда. Стручните лица велат, еколошкиот криминал во Македонија е застапен. Одредени дела дури имаат форма на организиран криминал, како што е пустошењето на шума, недозволен лов и риболов, мачење на животни.

Заради подобрување на состојбата, потребно е во рамките на МВР формирање на посебен еколошки оддел со специјализирани инспектори кои ќе ги работат овие дела. Законодавецот пак вели, закони има, треба казнените одредби да се применуваат.

Со овие измени сторителот може да добие од 10 години до казна доживотен затвор.

 

Петар Печков