Филе бара насоки од земјите членки за Македонија
,,Бараме од земјите членки на Унијата
,,Бараме од земјите членки на Унијата да ни дадат насока како планираат да го затворат прашањето со евроинтегарцискиот процес на поранешната југословенска република Макеоднија дотолку повеке што европската комисија оваа година ја даде својата 5 по ред препорака за почнување на пристапните преговори,, - порача еврокомесарот за проширување, Штефан Филе на денешната панел дискусија - Пријатели на Европа.
Понудивме нов пристап за решавање на добрососедските односи, вклучително и за прашањето на името на почетокот на пристапните преговотри, со доволно гаранции за сите загрижени страни , а тоа е дека добрососедските односи ке се допрат како што треба пред да започнеме со супстаацијална работа во рамките на преговорите, изјави Штефан Филе, еврокомесар за проширување на ЕК.
За жал, овој предлог не беше прифатен, рече Филе. Според него, планот Б бил сериозно разнишан по ланските декемвриски настани и политичката криза во земјава.. Спред шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, најдоброто решение е токму предлогот на европсата комисија - почнување на процесот на преговори и работење заедно со онаа земја членка која имала недостаток на воља да го подржи тој процес..
Општа констатиција е дека резултатите кои ги имаат постигнато некои земји, не секогаш се поврзани со степенот на интеграција и полтичкиот процес на одлуките кои се носат во однос на пристапувањето , тие не секогаш кореспондира со политичките реформи и економските резултати, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.
Министерот Попоски денеска оствари средба и со европратеникот Елмар Брок , а на наговата агенда е и утрешниот министерски состанок во седиштето на НАТО алијасата..
Марина Стојанова Тонева
