Турција

Илјада луѓе уапсени во рациите низ земјата

03.10.2023 15:16

Турската полиција уапси речиси илјада луѓе во рациите низ земјата, вклучително и десетици кои наводно биле поврзани со курдските милитанти...

Два дена по самоубиствениот бомбашки напад во Анкара, турската полиција уапси речиси илјада луѓе во рациите низ земјата, вклучително и десетици кои наводно биле поврзани со курдските милитанти.

При апсењата се повредени 12 припадници на ПКК. Во акцијата се запленети над 840 парчиња оружје.

Акцијата насочена кон членовите на курдистанската работничка партија се случува откако групата ја презеде одговорноста за нападот во Анкара во кој беа повредени двајца полицајци.

Неколку часа подоцна Турција почна воздушни напади против курдите во северен Ирак.