Тајланд
Тинејџер изврши тројно убиство во Бангкок
03.10.2023 15:17
14-годишно момче е уапсено откако со пиштол усмртило три лица и ранило уште четворица во трговски мол во Бангкок...

14-годишно момче е уапсено откако со пиштол усмртило три лица и ранило уште четворица во трговски мол во Бангкок.
Стотици купувачи во време на инцидентот панично бегале. По пријавата за нападот молот и блиската метро станица веднаш биле затворени. Сè уште се чекаат детали за инцидентот.
Вооруженото насилство во Тајланд е вообичаено. Лани поранешен полицаец уби 22 деца во градинка, а во 2020 година војник уби најмалку 29 лица и рани други 57 во напад што се случи на четири локации во и околу североисточниот град Након Рачасима.
