Синдикатот на контролори на летање најавува штрајк
Синдикатот на контролори на летање најавува штрајк на 12-ти месецов. Обвинува за непрофесионален однос на менаџментот при вработувањата и распределбата на кадри…

На 12-ти месецов, авиосообраќајот во земјава шест часа целосно ќе биде блокиран. Од 11 до 17 часот нема да има слетување и полетување на Скопскиот и на Охридскиот аеродром. Контролорите на летање најавуваат штрајк. Велат дека се револтирани од непрофесионалниот однос во делот на вработувањата и несоодветните внатрешни прераспоредување.
Синдикатот на контролори на летање бара да се ангажира фирма којашто ќе врши анализа, кои служби и кадар се потребни. Реагираат и на застарената опрема, поради која годинава биле воведени рестрикции и голем број авиони не биле прифатени за прелет.
Целосна блокада на авиосообраќајот идниот четврток од 11 до 17 часот најавуваат контролорите на летање. Реагираат на неповолните состојби и на, како што велат, непрофесионалното однесување од директорите.
Доколку нема решение, контролорите на летање најавуваат штрајк секој четврток, а не се исклучува можноста да се зголеми и времетраењето.
Андријана Ѓурческа
