Клисарова: Биолошка терапија има, но се троши поради зголемен број новозаболени
По вчерашните информации во јавноста дека го нема лекот „Фезго“ за болните од канцер, денеска директорката на клиниката Клисарова вели дека биолошка терапија има, но се троши поради зголемен број новозаболени...

Нема привилегирани и не чуваме терапија за никого, вели Андријана Филиповска, медицинската сестра од Клиниката за онкологија. Објаснува дека вчера, по информацијата дека нема Фезго бидејќи се потрошило, на пациентка и кажала дека можеби има една ампула, не била сигурна дали во меѓувреме некоја од нејзините колешки ја има подигнато ампулата од болничката аптека.
Директорката на Онкологија вели дека се јавува недостиг на биолошка терапија бидејќи има повеќе пациенти од количината на терапијата за која имаат пари да ја купат.
Недостигот на терапија е причина дел од пациентите да ги навредуваат здравствените работници на Онкологија, раскажува Андријана.
И покрај се, Андријана им се врати на работните обврски и на пациентите со надеж дека Обвинителството ќе открие што се случувало на Клиниката за онкологија изминатите години и ќе ги тргне сомнежите од тие кои работат чесно.
Наташа Јанчиќ-Менковски
