Предлог деловникот на Собранието на дневен ред на денешната пленарна седница
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го поднесе во редовна собраниска процедура Предлог деловникот за работа на Собранието, којшто е плод на повеќегодишна посветена работа на учесниците во процесот на дијалогот Жан Моне...

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го поднесе во редовна собраниска процедура Предлог деловникот за работа на Собранието, којшто е плод на повеќегодишна посветена работа на учесниците во процесот на дијалогот Жан Моне.
Најпрво ќе се разгледува на Собраниската комисија, а потоа треба да се усвои на пленарна седница. Предлог деловникот е предвидено да почне да се применува од наредниот пратенички состав.
Основните решенија на овој Предлог деловник како консензуален правен акт, ќе придонесат за зголемување на ефикасноста и квалитетот на функционирањето на Собранието, а ќе се избегнат досегашните можни недоследности и недоречености кои постоеја во постојниот Деловник.
