Членството во ЕУ носи поголеми можности за агросекторот
Иселувањето на младите земјоделци од руралните средини е удар за понудата и побарувачката и ја доведува во прашање и конкурентноста на домашното производство. Германските искуства говорат дека членството во Унијата може да донесе и пониски цени и поголеми можности за агросекторот...

Иселувањето на младите земјоделци од руралните средини е удар за понудата и побарувачката и ја доведува во прашање и конкурентноста на домашното производство.
Извозот на субвенционирани производи не треба да се забрани, но на пазарите надвор треба да завршат само тие што се конкурентни, а да се внимава да не се дестабилизираат домашните потреби – отворениот пазар е најдобро решение, вели професорот Драги Димитриевски од Факултетот за земјоделски науки и храна.
Германските искуства говорат дека членството во Унијата може да донесе и пониски цени и поголеми можности за агросекторот.
Во германската амбасада во Скопје е назначен аташе, кој освен за земјава, ќе биде надлежен и за цел Западен Балкан.
Ана Јосифоска Тодоровска
