Европските народни партии остануваат доминантни, евроскептиците се побројни

26.05.2014 17:31

Во идниот состав на Европарламентот, се очекува да има 38 независни пратеници и 67 т.н. неповрзани пратеници, што се всушност припадниците на крајно десничарските партии како „Златна Зора“...

Европските народни партии освоија 212 места во новиот состав на Европскиот парламент (ЕП), и во наредните пет години повторно ќе бидат набројна партија во Европскиот законодавен дом. По нив со 186 пратенци се Алијансата на социјалистите и демократите, Алијансата на либерал- демократите е со 70 места во ЕП, додека пак Партијата на зелените и Слободната алијанса имаат 55 европратеници. Според објавените резултати очигледно е дека наследник на Баросо ќе биде Жан-Клод Јункер од Европските Народни партии.

Ние секако ќе поразговараме со партијата на социјалистите, но нема да ги молиме, бидејки е јасно кој е победникот на изборите. Но, дури и партијата број еден мора да прави компромиси со останатите релевантни политички сили во овој парламент“, изјави Жан-Клод Јункер.

Европската левица постигна голем успех. Ако ги погледнете рзултатите особено во периферните држави на Европа, значи дека еворпската левица ќе биде влијателна. Постигна значителен развој, ние имаме агенда која нема да може да се игнорира“, изјави Алексис Ципрас од Сириза.

Во идниот состав на Европарламентот, се очекува да има 38 независни пратеници и 67 т.н. неповрзани пратеници, што се всушност припадниците на крајно десничарските партии  како „Златна Зора“.

За мнозинство во Европарламентот е потребна поддршка на 376 европратеници од вкупно 751, со што е јасно дека партиите ќе мора да коалицираат или тесно соработуваат, со цел, меѓудругото, да го изберат и новиот состав на комесари на Европската комисија и пред се нејзиниот претседател.

ЕПП останува најголемата партија во праламнетот, но со помалку пратенечки места од предходниот мандат. Според нашите видувања ќе следат неколку коалиции. ЕПП ќе мора да соработува со социјалистите и демократите. Тоа е тоа сценарио. Веројатно и нема да најдат заедничко решение за председател на Европската Комисија. Европските лидери на државите членки ќе мора да најдат компромис. Поентата со Златна Зора е што доби повеќе гласови отколку што се очекуваше. Пробем е што овие партии се некохезивни, има голема разлика меѓу нив. Немаат добра историја за соработка. Но, не очекуваме дека ке имаат големо влијание во Европскиот Парламент“, смета Пол Иван, експерт од Европски политички центар.

Според најавите, конститутивната седница на новиот состав на ЕП треба да се одржи на 1 јули во Стразбур.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ