Потрошенко: Нема да дозволам истокот на Украина да стане Сомалија

26.05.2014 17:06

Негов приоритет ќе биде решавање на кризата во источниот дел од земјата...

Милијардерот Петро Потрошенко кој прогласи победа на претседателските избори во Украина изјави дека негов приоритет ќе биде решавање на кризата во источниот дел од земјата.
 
Рече дека нема да дозволи проруските сепаратисти да ја претворат источна Украина во Сомалија.
 
Во меѓувреме, безбедносните сили почнаа антитерористичка операција во Доњецк кој е под контрола на проруските сепаратисти.