Промоција на „Мед и младост“ на Гордана Михаилова – Бошнакоска
Вечерва во Културно – информативниот центар во Скопје ќе биде промовирана најновата поетска збирка „Мед и младост“ на писателката Гордана Михаилова – Бошнакоска...

Вечерва во Културно – информативниот центар во Скопје ќе биде промовирана најновата поетска збирка „Мед и младост“ на писателката Гордана Михаилова – Бошнакоска. Промотор на збирката ќе биде писателот Гоце Смилевски, а стихови ќе говорат артистите Софиа Насевска – Трифуновска и Мартин Манев.
Збирката е издадена во соработка со издавачот „Макавеј“ и е влезена во најтесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за оваа година. Настанот, истовремено е дел од културната понуда на Град Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година.
Гордана Михаилова – Бошнакоска е родена на 1 септември 1940 година во Битола. Има објавено 15 збирки поезија.
