Ѓорѓиев: Институциите во мобилна состојба по најавата за нови дождови
Nадлежните институции во следните 48 часа, врз основа на заклучокот на Владата, ќе бидат во состојба на мобилност и готовност...

Состојбата е стабилна по синоќешното невреме во Скопје, но надлежните институции во следните 48 часа, врз основа на заклучокот на Владата, ќе бидат во состојба на мобилност и готовност имајќи ги предвид информациите за нови врнежи од дожд во Скопскиот регион, во Повардарието, Северозападна и Југозападна Македонија.
„Владата донесе заклучок со којшто сите државни институции и локалните институции, на ниво на препорака, се обврзани во следните 48 часа да бидат во состојба на мобилност, на готовност на своите тимови, особено на јавните комунални претпријатија „Водовод и канализација“, „Комунална хигиена“, противпожарните единици со задача доколку се појави потреба итно да интервенираат на критичните точки коишто се веќе лоцирани и да придонесат во намалување на ефектите на евентуалните врнежи коишто се очекуваат во текот на денот“, изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.
