САД

Изгласана недоверба на спикерот на американскиот Конгрес

04.10.2023 10:12

За првпат во историјата изгласана недоверба на спикерот на американскиот Конгрес. Гласањето го иницираше радикалното крило на републиканците против спикерот од своите редови Макарти, откако помина буџетот за Сенатот. За смена на Макарти, гласаа и демократите …

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го смени спикерот Кевин Макарти, како резултат на несогласувањата со неговите републикански колеги, само неколку дена откако во последен час беше избегната блокада на федералната влада.

Долниот дом на Конгресот со 216 гласови „за“ и 210 „против“ за првпат во историјата го смени својот претседавач, по иницијатива на релативно малата група, радикално десно крило на републиканците. За смена на републиканецот Мекарти гласаа и 208 конгресмени од демократската партија.

Побуната против Мекарти ја предводеше конгресменот Мет Гец, кој го обвини спикерот дека не сторил доволно за смалување на трошоците на федералната влада.