Косово
Европскиот парламент со осуда на последните случувања на северот на Косово
04.10.2023 10:15
Европарламентарците побараа двете страни да работат на деескалација и враќање на дијалогот за нормализација на односите...

Остра осуда на Европскиот парламент за нападот во Бањска. Учесниците на вонредната дебата за односите меѓу Србија и Косово ги осудија случувањата на северот на Косово. Европарламентарците побараа двете страни да работат на деескалација и враќање на дијалогот за нормализација на односите.
Од Стерјт департментот, пак, велат дека секое повлекување на српските сили од административната линија со Косово ќе биде добредојдена мерка, откако Белград соопшти дека го вратиле вообичаеното нивото на готовност на своите трупи.
