Тешка сообраќајна несреќа во Венеција, 21 лице загинаа
Возилото од сè уште неразјаснети причини, излетало од во близина на железничка пруга во областа Местре. Според властите, автобусот паднал во провалија длабока 10 метри...

Над 20 лица загинаа и уште толку се повредени откако автобус со туристи излета од надвозник во близина на италијанскиот град Венеција. Возилото од сè уште неразјаснети причини, излетало од во близина на железничка пруга во областа Местре. Според властите, автобусот паднал во провалија длабока 10 метри.
„Го знам овој пат, патувам по него со мојот автомобил. За жал, има крстосница која не е лесна. Автобусот мораше да сврти лево, таму има лента што продолжува право кон автопатот. Општинските камери сигурно ја снимиле сцената“, изјави Мауро Луонго, командант на противпожарната бригада на Венеција.
Меѓу жртвите се Украинци, Германци и Французи.
