Украина
Москва соборила 31 беспилотно летало лансирани од Украина
04.10.2023 10:24
Не стивнуваат нападите меѓу Украина и Русија. Москва соборила беспилотни летала лансирани од Украина...

Не стивнуваат нападите меѓу Украина и Русија. Москва соборила 31 беспилотно летало лансирани од Украина над регионите Белгород, Брјанск и Курск што граничат со Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.
Украина би можела да се приклучи на ЕУ во 2030 година доколку двете страни си ја завршат домашната задача, вели претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Претходно пак, Белата куќа издаде уште едно итно предупредување до Конгресот, барајќи од членовите да донесат одлука за финансирање за Украина.
