Хрватска

Голем пожар во складиште за пластика во Осиек

04.10.2023 12:21

Во справување со пламените јазици покрај Јавната противпожарна станица од Осиек се вклучени и доброволни противпожарни единици од градското подрачје...

Пожар во складиште за пластика во Осиек. Издадено предупредување до жителите да не излегуваат поради чадот и загадениот воздух.

Во справување со пламените јазици покрај Јавната противпожарна станица од Осиек се вклучени и доброволни противпожарни единици од градското подрачје.

Екипите на итната помош интервенирале кај неколкумина пожарникари кои биле изложени на екстремно високи температури.