САД

За првпат во историјата, разрешен шефот на Претставничкиот дом на САД

04.10.2023 12:45

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го смени спикерот Кевин Мекарти, како резултат на несогласувањата со неговите републикански колеги, само неколку дена откако во последен час беше избегната блокада на федералната влада...

Со 216 гласови „за“ и 210 „против“, Претставничкиот дом на САД го смени претседателот на домот Кевин Мекарти. Демократите во Домот решија да не му помогнат на Мекарти и гласаа против него. Бунтот го предводеше конгресменот Мет Гец, кој го обвини спикерот дека не сторил доволно за смалување на трошоците на федералната влада. Но пред се поради зеленото светло за американската помош за Украина.

„Причината поради која Кевин Мекарти падна денес е затоа што никој не му верува. Тој даде повеќе противречни ветувања, а и ги загуби гласовите на луѓето кои можеби ни идеолошки не се согласуваат со мене за се. Кевин Мекарти не лажеше сите нас“, изјави Мет Гец, Претставнички дом на САД.

„Им дадов неколку коментари на моите колеги таму. Следниот чекор е да најдеме нов спикер. Според моето скромно мислење, има 222 републиканци. 190 од нив кои не се оддалечуваат од Кевин Мекарти“, изјави Трој Нелс, Претставнички дом на САД.

„Десните републиканци треба да ги решат проблемите што ги создаваат. Граѓанската војна во Републиканската партија нема никаква врска со нас“, изјави Џејми Раскин, Претставнички дом на САД.

Гласањето за смена на Мекарти следи во само три дена откако беше усвоен Предлог-закон за привремено финансирање на администрацијата. Промените во Претставничкиот дом на САД за помошта за Киев го диктира наследникот на Мекарти. Некои од неговите можни наследници силно се залагаат за помош на Киев, но републиканците жестоко се противат. Претседателот Џо Бајден побара од Конгресот во јули да одобри нови 24 милијарди долари поврзани со Украина.

„Мислам дека ова беше политичка одлука на демократите. Работите што ги направија во минатото и наштетија на институцијата. Само што почнаа да ги отстрануваат луѓето од комисијата“, изјави Кевин Мекарти, Претставнички дом на САД.

Претседателот на Претставничкиот дом се смета за трета најважна функција во американската хиерархија, по претседателот и неговиот заменик. Преставничкиот дом има надлежности за агендата на Белата Куќа.

 

 

Маријана Димовска